ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИТЕ НА ESHOP.DEMARGO.MK ВЕБ-САЈТОТ (‘Политика’)

  1. Кои информации ги прибираме, како и за кои цели го правиме тоа

1.1.      Кориснички информации

DE MARGO Shop има право да собира и користи податоци за Корисниците. Информациите со кои Корисникот може да се идентификува опфаќаат имиња, локација, адреса на е-пошта, како и сите други информации што Корисникот доброволно ги внел или се предвидени при користење на Услугите на eshop.demargo.mk веб-сајтот (достапни преку eshop.demargo.mk).

Во образецот за регистрација кој го пополнува Корисникот присклучување на договорот, DE MARGO Shop јасно укажува на задолжителна или доброволна природа за доставување податоци и последиците од одбивањето иститеда бидат доставени. Согласувајќи се со Условите за користење и оваа Политика, Корисникот се согласува дека корисничките информации може да се обработуваат согласно предвиденото во нив.

Давањето на личните податоци кои се означени како задолжителни задоставување во соодветните електронски обрасци за регистрација на eshop.demargo.mk веб-сајтот се неопходни за регистрација на Корисникот, а според тоа и запристап до Корисничките услуги за кои е потребна регистрација. Не доставувањето на овие информации претставува пречка за вршење успешна регистрација или основаза прекин на соодветната регистрација, еднострано од страна на DE MARGO Shop, согласно Условите за користење.

Покрај погоре наведените информации, DE MARGO Shop има право(но не и обврска) автоматски да зачувува одредени информации кои компјутеротили терминалниот уред ги испраќа до Серверите на DE MARGO Shop во врска со Корисничката активност. Информациите се чуваат во лог-датотеки на Серверите на DE MARGO Shop и може да опфаќаат информации за веб-страници на eshop.demargo.mk веб-сајтот кои ги посетил Корисникот, веб-сајтови кои го пренасочиле Корисникотна DE MARGO Shop веб-сајтот, веб-сајтови кои Корисникот ги посетил преку Линкови кое се презентирани на eshop.demargo.mk веб-сајтот, датум и време на тие посети, IP-адреса на Корисникот, тип на интернет прелистувачот што го користи Корисникот, клучни зборови кои ги користи Корисникот при пребарување на DE MARGO Shop директориумот, бројот на корисници кои го виделе интернет огласот (банерот) на eshop.demargo.mk веб-сајтот, бројот на кликнувања наинтернет огласите (банерите) на eshop.demargo.mk  веб-сајтот, итн. Овие информации не се поврзани со информациите што го идентификуваат индивидуалниот Корисник и секористи за истражување и следење на однесувањето на Корисникот, неговите навики и интереси, за да се анализира ефикасноста на рекламирањето, заради статистички цели и заради подобрување на понудените Услуги. eshop.demargo.mk може да ги чува и обработува овие информации во персонализирана форма заедно со други информации за Корисникот што тој ги доставил при регистрацијата или користењетона Услугите. Покрај тоа, eshop.demargo.mk собира лог-датотеки (датум, време и соодветно извор – IP адреси) кога тоа е според важечки закон, како илог-датотеки и сите други информации кои се неопходни за електронскарепродукција на изјавите што ги дава Корисникот при користење на услугите (например прифаќање на Условите за користење, итн), но и идентификација на Корисникот во случај на спор.


1.2.     
 Јавно достапни содржини. Кориснички содржини

Корисничката содржина (која содржи или не содржи лични податоци),а која Регистрираниот корисник ја објавува на веб-сајтот, како и ситеинформации кои тој ги доставува при користење на Услугите (како што се имињата, локација, e-пошта, фотографии, телефонски броеви, датум на раѓање, информации за профили во социјални мрежи, итн), се јавно достапни на eshop.demargo.mk веб-сајтот и Корисникот се согласува со нивно откривање, едноставно со нивното објавување на eshop.demargo.mk веб-сајтот.

Заради избегнување сомнеж, eshop.demargo.mk нема никаква цел да прибира, користи, чува или на друг начин да обработува лични или било кој друг вид информации кои се предмет на посебна заштита во согласност сопостоечката законска регулатива, преку корисничките содржини што Регистрираниот корисник ги испратил на eshop.demargo.mk веб-сајтот, ниту пак да го следи постоењето на такви информации во нејзини рамки. Испраќањето на корисничките содржини или какви било лични податоци или други информации кои таа ги содржи, на овој или било кој друг начин, кога Корисникот ги користи Услугите, е во целост на негов сопствен ризик и одговорност. Со прифаќањето на Условите за користење и оваа Политика, Корисникот изјавува дека тој/таа е информиран, ги прифаќа истите и се согласува дека сите информации (вклучувајќи ги и личните податоци) кои се дел од Корисничките содржини, објавени од негова/нејзина страна или од неговата/нејзината Корисничка сметка ќе бидат јавно достапни до секој Корисник на eshop.demargo.mk веб-сајтот, како и до трети лица на кои DE MARGO Shop им обезбедува пристап до оваа Корисничка содржина или други информации, во согласност со предвиденото во Условите за користење и оваа Политика. Исто така, Корисникот изјавува и гарантира дека при објавување на Корисничка содржина или било која друга информација, тој/таа не ги повредува правата на трета лица во врска со нивните лични податоци или други лични права,вклучително и дека тој/таа веќе има добиено согласност за објавувањето (до мера која е потребна според постоечката законска регулатива).

eshop.demargo.mk ги прибира и ги користи информациите од став 1.1 за целите кои се наведени во Условите за користење и оваа Политика, како што се обезбедување на услуги, обезбедување пристап и контрола на неговата/нејзината Корисничка сметка, исполнување на неговите обврски во согласност со закон, остварување и заштита на неговите/нејзините законски заштитени права и правни интереси, понуда на стоки и/или нови услуги понудени од трети лица, промоции, барање за организирање, анкети и испитувања за статистички цели.


1.3.     
 Услуги поврзани со трети страни

eshop.demargo.mk може да им овозможи на трети страни, како Facebook, Inc, да објават на своите веб-сајтови јавно достапни содржини од производи и фирми на eshop.demargo.mk веб-сајтот. Таквите содржини не смеат да содржат лични податоци и се ограничени само на информации за правни лица.

Покрај тоа, по своја желба, Корисникот, на eshop.demargo.mk веб-сајтот може да сподели (преку Facebook-услугата за поврзување, на пример) информации кои се јавно достапни на други веб-сајтови, вклучувајќи и информации за поврзаност на Корисникот со други веб-сајтови (на пример, пријатели и листи на контакти). Оваа политика не се применува за информации за Корисникот и неговите/нејзините пријатели кои се зачувани на други веб-сајтови. Собирањето,складирањето, заштитата и обработката на тие информации е предмет на условитена тие – други веб-сајтови. Доколку Корисникот не сака неговите/нејзините пријатели, контактите и другите информации за Корисникот што се достапни на другите веб-сајтови да бидат достапни на eshop.demargo.mk веб-сајтот, тогаш Корисникот има можност да ги измени подесувањата за приватност нанеговата/нејзината сметка на другите веб-сајтови.


1.4.     
 Колачиња (Cookies)

eshop.demargo.mk има право (но не и обврска) на компјутеротна Корисникот или на други терминални уреди да инсталира колачиња – мали текстуални датотеки кои се зачувани на некоја Интернет страница преку интернет сервер на хард дискот на Корисникот и дава можност за обновување на информациите за Корисникот бидејќи тие ги препознаваат сајтовите/страниците што неговиот/нејзиниот терминален уред ги користи и/или пребарува.

При обезбедувањето на услугите, eshop.demargo.mk задржуваинформации и добива пристап до информациите и процесите кои се зачувани натерминалниот уред на корисникот со цел:


1.4.1.  
 на Корисникот да му обезбеди нормален и квалитетен пристап до Услугите, заедно со сите функционални можности; да провери присуство наскрипти, софтверски апликации и подесувања на терминалниот уред на корисникот,кои се неопходни за нормален пристап и користење на Услуги и да ги известинего/неа доколку ги нема;


1.4.2.  
 да следи и да се спречи користење на мулти-сметки (регистрирање и користење на повеќе Кориснички сметки од страна на истото лице) со злонамерни дејствија;


1.4.3.  
 визуализира и не-визуализира елементи од eshop.demargo.mk веб-сајтот за кои има посебни барања кои се или не се компатибилни на одредени карактеристики, квалитети или опции на терминалниот уред на Корисникот (например: широчина на екран, резолуција и други);


1.4.4.  
 да ги прилагоди Услугите и да обезбеди автоматско прикажување или криење на различни елементи од eshop.demargo.mk веб-сајтот, во согласност со желбите и подесувањата на корисникот;


1.4.5.  
 да ги рекламира и истражува преференците на Корисникот.

Колачињата кои ги користи eshop.demargo.mk не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникоткако физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното одстрана на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот.

Корисникот има право во секое време да го одбие зачувувањето и/или пристап до информациите кои се зачувани на терминалниот уред кој го користи Корисникот.

Забраната и/или бришењето на колачињата од страна на Корисникот може целосно или делумно да му оневозможи на Корисникот да пристапи до eshop.demargo.mk веб-сајтот и/или Услугите, да ги промени или отстрани преференциите што Корисникот претходно ги поставил на eshop.demargo.mk веб-сајтот и/или значително да го влоши квалитетот на Услугите, за што eshop.demargo.mk не превзема одговорност.

Корисникот има право во кое било време од eshop.demargo.mk да добие информација за податоците кои се зачувани на неговиот терминален уред, со испраќање прашање до eshop.demargo.mk на следната e-меjл адреса: commerce[at]demargo[dot]mk (е-мејл адресата е напишана на овој начин со цел да не заштити од SPAM; Ве молиме заменете ги [at] со @, и [dot]со ‘.’)
eshop.demargo.mk користи два вида на колачиња -“привремени” (кои се избришани од меморијата на терминалниот уред накорисникот кога корисникот го затвора интернет прелистувачот) и ”постојани” (кои се зачувуваат на терминалниот уред на корисникот додека тој /таа не ги избрише). Корисникот може да ги отстрани постојаните колачиња според инструкциите на интернет прелистувачот што го користи. Колачињата што ги користи eshop.demargo.mk содржат идентификациски број кој помага при идентификацијата на Корисникот.

Колачињата може да се инсталираат, исто така, и од страна на трети лица со цел да се рекламираат стоки и услуги кои можат да бидат интересни за Корисникот кога тој/таа го посетува eshop.demargo.mk веб-сајтот и другите веб-страници. eshop.demargo.mk нема пристап или контрола врз употребата на колачињата. Овие колачиња, исто така, собираат информации заначинот на користење на eshop.demargo.mk веб-страница, како на пример кој веб-сајт го пренасочил Корисникот кон eshop.demargo.mk веб-сајтот, кои интернет страници од eshop.demargo.mk веб-сајтот ги посетил Корисникот, информации за посетите на Корисникот на други веб-сајтови, но не прибира информации како што се имиња, e-пошта адреси, други информации за контакти или други лични податоци кои би му овозможиле на некое трето лице да го идентификува Корисникот и да стапи во контакт со него/неа.

  1. Со кого ги споделуваме вашите информации?

2.1.      Јавна содржина

eshop.demargo.mk има право на eshop.demargo.mk веб-сајтот да дистрибуира и доставува јавно достапни содржини, вклучувајќи ги сите Кориснички содржини на лица кои се поврзани на eshop.demargo.mk, неговите деловни партнери и сите други трети лица, а Корисниците разбираат и се согласуваат дека тие трети лица можат да ја објават Корисничката содржина на нивните веб-сајтови или медиумски платформи. Тие треба да го посочат Корисникот како извор на таа Корисничка содржина и на нивната сметка да прикажат и наведат јавно-достапни информации, како што се имиња и фотографии.


2.2.     
 Лица кои ги обработуваат податоците во име на eshop.demargo.mk (Дата процесори)

Со цел да се изврши техничка поддршка и администрирање на eshop.demargo.mk веб-сајтот и информациите да се обработуваат заради статистики и маркетинг цели, при вршење тестирања и сондажи за работата на eshop.demargo.mk веб-сајтот, кога се прават плаќања и се користат други услуги поврзани со eshop.demargo.mk веб-сајтот, личните податоци и другите информации за Корисникот може да им се откријат и да се обработуваат од трети лица на кои DE MARGO Shop им ја доделил изведбата на одредени услуги поврзани со eshop.demargo.mk веб-сајтот. Овие податоци ќе бидат откриени и соодветно обработени само до одреден степен и обем, кој е неопходен за да се изврши доделената работа. Соодветно на тоа, тие трети лица ќе дејствуваат како Дата процесори во име на eshop.demargo.mk. Дата процесорите се запознаени дека информациите што се предмет на Законот за заштита на лични податоци.

Овие лица ќе бидат обврзани да ги обработуваат податоците само и единствено согласно строгите инструкции на eshop.demargo.mk и ќе немаат право личните податоци на Корисниците да ги користат или обработуваат на кој било друг начин за други цели, освен за целите што се наведени во Условите за користење и оваа Политика.


2.3.     
 Директен маркетинг

Со прифаќање на Условите за користење и оваа Политика, Корисникот се согласува неговите/нејзините лични податоци да се обработуваат за директен маркетинг. Корисникот има право во секое време да се спротивстави на понатамошно обработување на неговите/нејзините лични податоци за директен маркетинг, со испраќање писмено известување до eshop.demargo.mk на наведената контакт адреса или е-пошта. Корисникот има право да биде информиран пред неговите/нејзините лични податоци за прв пат да се откријат на трето лицеили истите да се искористат во нивно име за директен маркетинг, како и да му седаде можност да се спротивстави на таквите откривања и употреби.

Со прифаќање на Условите за користење и оваа Политика, Корисникот изјавува дека тој/таа е информиран и се согласува eshop.demargo.mk да ги доставува и открива неговите/нејзините лични податоци на други контролори на податоците за маркетинг и рекламирање на територијата и вон територијата на земјите од Европската унија, кога тоа е во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци на Северна Македонија. Корисникот има право во секое време да ја повлече својата согласност за понатамошно доставување на неговите лични податоци на трети лица, на начинот што е опишан во овој член, погоре.


2.4.     
 Откривање на личните податоци

eshop.demargo.mk се обврзува да не открива какви било лични податоци и други информации за Корисникот или за неговото/нејзиното користење на Услугите, како и да не ги открива прибраните податоци на трети лица -надлежни органи, компании, поединци и други, освен:


2.4.1.     
 кога тоа е предвидено во оваа Политика или во Условите за користење или кога корисникот ќе даде јасна согласност во моментот на регистрацијата или подоцна;


2.4.2.     
 кога тоа е потребно заради исполнување на некоја законска обврска на eshop.demargo.mk;


2.4.3.     
 кога информациите ги бараат државни власти, судски власти или службени  лица, кои согласно важечкиот закон се овластени да бараат и прибираат такви информации во согласност созаконските процедури и прописи;


2.4.4.     
 кога откривањето на личните податоци од страна eshop.demargo.mk е неопходно заради заштита на правата, правните интереси и угледот на eshop.demargo.mk, т.е кога тоа е поврзано со лицата од eshop.demargo.mk или Корисниците;


2.4.5.     
 кога информациите им се откриваат на вработените или соработниците на eshop.demargo.mk заради активности поврзани со администрирање на eshop.demargo.mk и  користење на Услугите;


2.4.6.     
 во други случаи утврдени со закон.

 

  1. Како ги чуваме сигурни вашите информации?

3.1.      Политика за лица под 14години

eshop.demargo.mk веб-сајтот не е наменет за лица под 14години. eshop.demargo.mk нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 14 години. Во случај лице под 14 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да го известат ДЕ МАРГО Шоп.


3.2.     
 Сигурност

eshop.demargo.mk обраќа големо внимание на собирање, чување и обработка на личните податоци на Корисниците, со добра волја, во насока на добро утврдени, јасни цели и во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија и други соодветни закони, доколку се работи за таков случај. Во таа смисла, eshop.demargo.mk ги презема сите соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци на Корисници од случајно или незаконско уништување, губење, менување, откривање или неовластен пристап.